Левица: Пред 2 години Македонија застана на правата страна на историјата, секоја наредна власт е должна да ја исправи неправдата

„Две години од НЕУСПЕШНИОТ референдум каде еден мал и мирољубив народ на Балканот го покажа своето достоинство и гордо одби да се самоукине! 🇲🇰 Пред две години, Македонија застана на правилната страна на историјата“, велат од Левица.

Како што истакнуваат од партијата, со организираниот МАСОВЕН БОЈКОТ на илегалниот референдум граѓаните покажаа сплотеност во отпорот против империјализмот спроведен од корумпираните домашни и странски бирократи, и со тоа го одбрани АСНОМскиот карактер на Републиката.

„Покрај сите поткупи, закани и уцени од локалните квислинзи и моќната ‘дипломатска’ машинерија, на референдумот како највисок облик на демократија, народот јасно порача: ‘НЕ ЗА ЕУ И НАТО ПО СЕКОЈА ЦЕНА!’

Затоа секоја наредна власт ќе има легално и морално право (и ДОЛЖНОСТ) да ја исправи историската неправда. #СмртНаИмперијализмот #СлободаНаНародите“, порачуваат од Левица.

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

- Реклама -