Левица: СДС удри по темелот на независноста, распродажбата на ХЕЦ Чебрен и Тиквеш е штетна како и продажбата на Окта,

„За најважниот енергетски проект во државата, хидроцентралата Чебрен, која ќе ја гради грчкиот инвеститор ‘Архиродон’, Македонија нема да даде пари за изградба, а својот удел во инвестицијата ќе го ‘плати’ со отстапување на уште едно енергетско богатство – ХЕЦ Тиквеш. Ваквата скандалозна одлука ја соопшти министерката Каја Шукова, со што двете хидроелектрани ќе бидат дадени под концесија на инвеститорот и истите се оттуѓуваат од правото државата да располага со нив!“, обвинуваат од политичката партија Левица.

„По изградбата, државата ќе располага со 33% од влогот, а 67% му останува на концесионерот. Катастрофалниот договор е склучен на начин како и договорот со Окта со Хеленик Петролеум, по принципот ‘отуѓи, па цел живот плаќај’. Со овој штетен договор, грчката компанија ќе располага со двете хидроелектрани и природно богатство, а народот во наредните 60 години, колку што е договорот за концесија, ќе продолжи да ја плаќа струјата на берза“, посочуваат од Левица.

Прочитајте и:  Левица поднесе интерпелација против Илире Даути за блокадата на законот за бранители

Според нив, ова е уште еден „бонбона бизнис“ на, како што велат, „однародената власт која што ја распродава независноста на Македонија“.

„Основен темел на независноста на една држава е стабилен електро-енергетски систем. Владата на Ковачевски, покрај распродажбата на националните и државните интереси, удри и по темелот на независноста на Македонија, електро-енергетскиот систем“, обвинуваат од Левица.

Јасно е дека „СДС“, која ја спроведе катастрофалната приватизација при транзицијата, нема никаков државотворен капацитет, велат од Левица. Владејачката партија, според нив, е единствено вазал на странскиот капитал и интереси.

„Историски докажано е дека секое владеење на СДС е погубно за националните и економските интереси на Републиката и затоа оваа квази левичарска партија на следните избори ќе ја доживее својата неминовна пасокизација“, се додава во соопштението.

- Реклама -