Левица: Се бориме за денот кога на 8 септември ќе се слави и паѓањето на „Северна“

Додека ги слушаме хвалоспевите за тоа „колку тоа денес сме независни и слободни“ редно е да се истакнат неколку битни факти околу трнливиот пат на нашата независност, порачуваат од Левица, додавајќи дека нивните двајца пратеници категорично одбиле да учествуваат на „прославата“ по повод 8-ми Септември – денот кога пред 29 години, како што истакнуваат, македонскиот народ заедно со сите други народи и народности масовно се изјаснија за слободна, независна и суверена Република Македонија.

„ • Иако граѓаните на Република Македонија никогаш не гласаа за отфрлање на социјалистичкиот и солидарниот економски систем кој беше наследен од СР Македонија, веднаш по прогласувањето на независноста следуваше криминалната приватизација и општиот грабеж на народното добро, за денес македонскиот граѓанин да биде со најниски примања во Европа, во должничко ропство, пример за модерен роб на неолибералниот капитализам.

• Во Обединетите Нации бевме примени под привремената референца БЈРМ со што на народот на оваа земја му беше прекршено правото на самоопределување, преседан во историјата на Обединетите Нации.

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

• Промена на државното знаме под притисок на Р. Грција.

• 2001 година ни беше наметната меѓуетничка војна со која Македонците и Албанците беа етнички поделени на племенски табори за полесно да паразитираат врз нивната заедничка мака политичките и економските елити.

• Преспанскиот договор ја стави Република Македонија во најдиректна зависност од политиките на Р. Грција, чин за кој е определена и кривична одговорност.

• Договорот за добрососедство со Р. Бугарија планира да ја стави Република Македонија во слична потчинетост и на политиките на Р. Бугарија“, набројуваат од Левица.

„Каде е тука слободата, независноста и сувереноста за која зборува државниот врв?“, прашуваат од партијата. Според нив, „тивката окупација“ на Република Македонија продолжува и само со заедничка борба може да се сруши.

„Се бориме за денот кога на 8 септември ќе се слави и паѓањето на ‘Северна’ и нејзиното конечно заминување на ѓубриштето на историјата!

Нека ни е среќен 8-ми Септември, денот на независноста на Република Македонија! 🇲🇰🚩“, порачуваат од Левица.

- Реклама -