Lexus не бил доволно елитен

Компанијата Lexus започнува сериозна работа врз промена на својот имиџ, за да може тој да се доближи до оној на моделите од најголемата германска тројка – Mercedes, BMW и Audi. Ова го призна новиот бренд-менаџер на јапонскиот производител на луксузни модели Токуо Фукуичи.

Според него, Lexus треба да стори сé за да се дистанцира од матичната компанија Toyota. Причината е дека во моментов многу луѓе не го прифаќаат Lexus како самостојна марка, туку само како поделба на јапонскиот концерн кој произведува луксузни модели. Причината за тоа се претежно еднаквите технички решенија кои се користат од страна на двете марки.

– Кога се во сообраќаен метеж, луѓето гледаат на возачот на Mercedes-Benz како на човек кој има постигнато дефинитивно положба во општеството и му завидуваат за тоа. Токму такво нешто му недостасува на Lexus и ние треба да работиме за изградба на таков имиџ на нашите автомобили, призна Фукуичи.

Во Lexus планираат да работат во таа насока не само на полето на автомобили, но и со понудата на други премиум-производи. Земајки го за пример Mercedes-Benz, а и од други брендови, компанијата веќе направи луксузна јахта со два 5,0-литарски V8 мотори. Освен тоа брендот учествува и во фантастичниот филм „Валеријан и градот на илјадниците планети“, за кој создаде прототип на вселенски брод.

Самиот Фукуичи ја презеде новата должност од пред неколку дена, откако до пред тоа беше на чело на единицата Lexus International. Негов наследник на оваа функција ќе биде Јошихиро Сава, кој досега беше извршен потпретседател на компанијата.

- Реклама -