Либан и Хезболах го обвинија Израел за нападите врз комуникациската опрема во која загинаа 37 лица, а ранети се над 3 000 лица, што сериозно го оптовари здравствениот систем во земјата
Експлозиите на пејџери и воки-токи апарати во Либан претставува терористички чин и објавување на војна кон народот на Либан, изјавил лидерот на милитантната група Хезболах Хасан Насрала, објави Би-би-си.
Според него, Израел ги преминал црвените линии.
Израелските воени авиони, пак, погодија 30 ракетни фрлачи на Хезболах во Либан.
Либан и Хезболах го обвинија Израел за нападите врз комуникациската опрема во која загинаа 37 лица, а се ранети над 3 000 лица, што сериозно го оптовари здравствениот систем во земјата.
Израел не ги коментираше нападите.
Од Белата куќа соопштија дека според САД треба итно треба да се направи дипломатското решение за случувањата на Блискиот Исток.
„Сакаме да имаме дипломатска резолуција за тензиите што ги гледаме на Блискиот Исток. Не сакаме да видиме ескалација, а веруваме дека тоа е остварливо и треба итно да се направи“,
информира Белата куќа.