Лимани и Мемиши на увид во работите за изградба на улица во Шеста зона

В.д. градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани, денеска заедно со директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши извршија увид во проект што се реализира во гостиварската населба Шеста зона.

Како што известија од општинската служба за информирање се работи за изградба на улица долга 400 метри со подземна инфраструктура и тротоари со широчина од 2 метри. Инвестицијата е заедничка на локалната самоуправа и Бирото за регионален развој.
Претходно Лимани и Мемиши оствариле работна средба во општината.

„На средбата се разговараше за тековниот проект кој се реализира во населба Шеста зона, како и за продолжување на соработката меѓу двете институции.“, соопштија од прес службата додавајќи дека соработката на општина Гостивар со институциите е важна и неопходна за да се подобрат условите за граѓаните.

Извор