Иако се соочува со 90-дневна рехабилитација која и ја одреди судот, сепак, Линдзи Лохан изгледаше необично среќно на појавувањето на црвениот килим во Бразил, по повод отворањето на продавницата „John John“. Организаторите на настанот изјавиле дека биле пријатно изненадени од нејзиното одговорно однесување, со оглед на тоа што биле подготвени познатата актерка да доцни или можеби воопшто да не се појави. Сепак, Линдзи освен што на време се појавила на настанот, туку и според коментарите и фотографиите, после долго време заблескала на црвениот килим. Се чини дека психо-терапијата која ја посетува веќе започнала да дава резултати.