Липaвски: Чешка не гледа проблем Украина да ја гаѓа Русија со муницијата што и ја испорача

Шефот на чешката дипломатија Јан Липaвски денеска изјави дека неговата земја нема „никаков проблем“ со тоа што Киев користи муниција обезбедена од Прага за да гаѓа цели на руска територија.

-Чешка нема проблем со тоа Украина да се брани од агресорот, изјави Липавски пред состанокот на министрите на НАТО во главниот град на Чешка.

Тоа ги вклучува и „нападите што нужно мора да се изведат на руска територија“, продолжи Липавски.

-Тоа е правилото за испорака од Чешка, додаде шефот на чешката дипломатија.

Министрите за одбрана на Европската унија претходно во вторникот не постигнаа консензус околу тоа да и се дозволи на Украина да користи западно оружје за напади на руска територија, што за рускиот претседател Владимир Путин е „играње со оган“.

Прочитајте и:  Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Членките на ЕУ веќе се согласија колективно да обезбедат воена помош за Украина. И додека некои земји обезбедуваат оружје за земјата погодена од војна со минимални барања, другите го прават тоа под услов оружјето да се користи само на украинска територија.

Киев тврди дека мора да ја гаѓа Русија бидејќи таа ја напаѓа Украина од своја територија.

- Реклама -