Лишен од слобода 30 годишник од гостиварско поради напад врз сопругата

СВР Тетово информира дека вчера (26.11.2024) во 16.15 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода 30 годишниот А.А. од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 30-годишна сопруга дека физички ја нападнал во семејниот дом.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, велат од полицијата.

Извор