Драги нови генерации порано вака се решаваа дилемите поврзани со детските игри. На пример, ако играта е наменета за одреден број играчи, а сакаат да играат повеќе немаше простор за расправии, кој да почека.Едноставно, проблемот се решаваше со „Компанија“ или „лист, камен, ножици“.
Ова е игра за двајца играчи кои седат еден спроти друг. Секоја ја стега раката и извикува „Лист, камен, ножици“!.
На последниот збор. двајцата покажуваат со дланката еден од овие три положби.
1. ЛИСТ – испрушена внатрешноста на раката, споени прсти.
2. КАМЕН – стисната рака.
3. НОЖИЦИ – два испружени прсти и раширена рака (во облик на ножици).
Бодување
Каменот и ножиците – Каменот ги уништува ножиците/ каменот победува.
Лист и камен: Листот го покрива каменот / листот победува.
Лист и ножици: Ножиците ја сечат хартијата/ ножиците победуваат.
Исти знаци: Изедначено, се игра од почеток.