Ливерпул го сакаат Демпси

Откако го комплетираа трансферот на Фабио Борини од Рома, челниците на Ливерпул целото свое внимание го насочија кон Клинт Демпси.

Американскиот репрезентативец има уште само 12 месеци од актуелниот договор со Фулам и нема намера да го продолжи, па раководството на лондонскиот клуб е свесно дека мора да го продаде за да не се случи следното лето тој како слободен играч да си замине од „Крејвен Котиџ“.

Сумата што Фулам ја бара за овој фудбалер изнесува 10 милиони фунти, но Ливерпул нема намера да плати повеќе од осум милиони за 29-годишен фудбалер кој што има само уште една сезона од актуелниот договор со својот клуб.

Прочитајте и:  Слот израмни рекорд во Премиер лигата

Медиумите на Островот најавуваат дека има доста голем простор за разговори меѓу челниците на двата клуба и дека може да се очекува договор да биде постигнат веќе во текот на следната недела.

Фулам бара како дел од овој трансфер да го добие на едногодишна позајмица Енди Керол, опција што е неприфатлива за „Црвените“. Многу поверојатно е дека Ливерпул ќе го испрати Чарли Адам во Фулам, со оглед на фактот дека шкотскиот играч за врска нема да биде дел од плановите на новиот менаџер Брендан Роџерс, но останува да се види дали Мартин Јол би сакал да го види Адам во дресот на својот клуб.

- Реклама -