Фудбалерите на Ливерпул попладнево ја одиграа својата прва средба без Диого Жота, откако португалскиот играч трагично загина во сообраќајна несреќа на почетокот на месецов.
На стадионот „Дипдејл“, присутните му оддадоа почест на Жота и неговиот брат Андре Силва. По интонирањето на химната на Ливерпул, која ја пееше целата публика, капитенот на Престон, Бен Вајтман, положи венец пред навивачите на Ливерпул.
Во спортскиот дел, Ливерпул ја победи Престон со 3:1 во својот прв контролен натпревар пред почетокот на новата сезона. Сите стрелци на головите за „црвените“ на симболичен начин му ги посветија головите на доскорешниот клупски соиграч.




