Очајно младо момче конечно успеало да ја пронајде девојката со која се запознало за Нова Година.
Имено, Ресе МекКе (25) од Нов Зеланд на Фејсбук ставил фотографија од американка, а под истата напишал приказна за вечерта која се случила пред една година во Хонг Конг:
– Шетав наоколу и им се восхитував на новогодишните лампиони на кои светкаше „2013-та“, а тогаш здогледав девојка која плаче на сред улица. Рече дека ги изгубила своите пријатели. Јас успеав да ја насмеам и до утредента игравме, пиевме и разговаравме. Тогаш стапи во контакт со своите пријатели и замина.
Пред да исчезне, ја фотографирав, а таа ми рече „Пронајди ме“, вели МекКе.
Знаев дека се вика „Кети“ и дека живее некаде во Вашингтон.
Фејсбук страната собрала бројни фанови и тие му помогнале да ја пронајде. Но, Кети ја „затрупале“ пораки, поради што таа го избришала својот профил на сите друштвени мрежи за неколку часа.
– Излезе од контрола, ја следеа секоја Кети во Вашингтон, вели дечкото и додава дека не успеал да дојде до неа, па сега чека таа самата да му се јави.
Не можам ништо да тврдам. Можеби таа не сака да разговара со мене.
– Една година е доволно некој да се омажи, да пројде низ некоја врска или да роди дете, напишале некои блогери.
И тој самиот ја избришал страната на која ја барал Кети.
Сепак, вели дека се уште се надева.
– Шансите да ја пронајдам се една према милион, но се надевам дека ќе стапиме во контакт за да и се заблагодарам, ова за мене беше година на промени, а започна раа вечер, вели заљубеното момче.