Љубовно писмо од втората светска војна пристигна после 70 години

Глумицата Аби Јакобсон која го пронашла писмото, започнала потрага по сопственикот преку социјалните мрежи.
Кога глумицата Аби Јакобсон го отворила своето поштанско сандаче на нејзиниот стан во Њу Јорк, го пронашла писмото старо 70 години, насловено за госпоѓа Метјус која некогаш живеела на нејзината адреса.
Таа го отворила писмото и сватила дека се работи за љубовно писмо од втората светска војна, испратено од сопругот на госпоѓа Метјус.

Инспирирана од содржината и емотивната вредност на писмото, Аби покренала потрага преку повеќе социјални мрежи, за да се најдат сопствениците или наследниците на писмото. Потрагата многу брзо станала хит и само после 9 дена се завршила.

Скот Метјус, 65 годишен човек, кој бил единствен син на брачниот пар Метјус, откако го добил писмото бил воодушевен и изјавил: Им благодарам на сите учесници во потрагата. Ова писмо ми даде нова перцепција за мојте родители во тоа време. Убаво е кога ќе прочитате од каква љубов сте дошле на овој свет.
pismo-2-svjetski-rat - Copy - Copy

Прочитајте и:  Во Австралија нема да има потреба од давање на лични податоци на социјалните мрежи
- Реклама -