„За жал, Северна Македонија се лизга по пат што е докажано фатален за неа. Денес, нашата држава ги дели патиштата, или ќе оди кон Европа или кон ‘српски свет‘ или ќе остане Северна Македонија и европска или македонската олигархија ќе направи дел од неа да стане ‘Јужна Бановина‘“, вели поранешниот министер за правда и потпреетседатеел на Алијанса за Албанците
Додека во Уставниот суд не постои двојно гласање за законите со Бандетер, односно механизам за заштита на другите етнички заедници, ароганцијата на македонската политичка елита ќе се појави повторно, исто како во 1991 или 1997 година. Ова е реакцијата на поранешниот министер за правда и потпретседателот на партијата Алијанса за Албанците Креенар Лога за одлуката на Уставниот суд за покренување на постапка и оценување на уставноста и замрзнување на т.н. „балансер“, како алатка за вработување на припадници на немнозинскитее етнички заедници во јавната администрација.
„Сите иницијативи што се однесуваат на прашањата за праведно и соодвеетно застапување, употребата на албанскиот јазик и другите етнички прашања во корист на немакедонските заедници ќе имаат иста судбина како прашањето за изводите еод матична книга на родени, односно поништувањето на уредбата на министерот за правда и укинувањето на соодветните членови од законот. Треба да се истакне дека гласањето пред една година беше чисто етничко и мајоризирачко, такво беше и денес (шест македонски насприти три албански и турски)“,
вели Лога.
Според него, своевремено македонската политичка елита го користееше Собранието за да ги мајоризира Албанците, па сега откако им е оневозможено таму, ја преефрлија оваа практика во Уставниот суд.
„За жал, Северна Македонија се лизга по пат што е докажано фатален за неа. Денес, нашата држава ги дели патиштата, или ќе оди кон Европа или кон ‘српски свет‘ или ќе остане Северна Македонија и европска или македонската олигархија ќе направи дел од неа да стане ‘Јужна Бановина‘“,
се вели во рееакцијата на поранешниот министер за правда.
Уставниот суд денеска на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата, што е потребно за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место, односно дали со „балансерот“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.
Според претседателот на Уставниот суд и судија известител по предметот, Дарко Костадиновски, само мерит-системот и компетентноста треба да се единствен критериум за вработување и унапредување.
И коалицијата „Вреди“ излезе со реакција одлуката на Уставниот суд за покренување на постапка и оценување на уставноста и замрзнување на т.н. „балансер“, како алатка за вработување на припадници на немнозинскитее етнички заедници во јавната администрација. Оттаму велат дека оваа одлука е инспирирана од очигледната потреба на криминалните структури на претходната власт за создавање на меѓуетнички проблеми и дестабилизација на внатрешните односи на државата.
Смеетаат дека денешната одлука нема да смени ништо од правата на Албанците, но, како посочија во реакцијата, ја покажува лошата намера на оние што ги избраа овие судии во Уставниот суд.