Локацијата на Атлантида откриена преку Google Ocean?

Повеќе... Со помош на Google Ocean забележана е мрежа од улици на морското дно на локацијата за која се сметаше дека може да се наоѓа изгубениот град Атлантида.


Со помош на Google Ocean забележана е мрежа од улици на морското дно на локацијата за која се сметаше дека може да се наоѓа изгубениот град Атлантида.

atalntis5_1318182c.jpg

Мрежата од вкрстени линии е речиси 1000 километри одалечена од северно-западиот брег на Африка, во близина на Канарските Острови на дното на Атлантскиот океан. Совршениот правоаголник, беше забележан со помош на Google Ocean од страна на еден аеронаутички инжинер кој тврди дека тој изгледа како мапа на град погледната одозгора. Подводната слика може да се најде на координатите  31 15’15.53N 24 15’30.53W.

atlantis2_1318186c.jpg
Експертите тврдат дека мистериозната мрежа е лоцирана на едно од локациите на кои се претпоставува дека се наоѓа легендарниот остров за кој пишувал грчкиот философ Платон – Атлантида.Според неговото опишување, градот потонал под океанот откако неговите жители направиле неуспешен обид да ја освојат Атина околу 9000 година п.н.е. 
Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome
Според историчарите кои понатаму ќе го испитуваат овој пронајдок, местото е едно од најверојатните локации на Атлантида според описот на Платон, и е сигурно дека она што изгледа како мрежа од улици на мапата е направено од човекот.
Google Ocean, екстензијата која им дозволува на корисниците на Google Earth да го истражуваат океанот беше лансирана на почетокот на оваа година. Лагендата за Атлантида ја предизвикува имагинацијата со векови, Платон ја опишал како богата земја „поголема од Либија и Азија заедно“ со напредна цивилизација и природна убавина која била уништена од земјотреси и поплави пред 9.000 години.
- Реклама -