Лондон ја означи Кина за предизвик на светскиот поредок, а Русија за акутна закана

Велика Британија денеска ја означи Кина како предизвик за светскиот поредок што ја дефинира епохата, наведувајќи дека Русија и натаму останува „најакутна закана“.

Официјален Лондон во најновата надворешнополитичка рамка наведе дека безбедноста на Обединетото Кралство зависи од исходот на војната во Украина.

Британските медиуми наведуваат дека британската Влада во најновиот документ предупредува на продлабочувањето на партнерството меѓу Кина и Русија и зголемената соработка на Москва со Иран по руската инвазија на Украина.

Иако во документот се истакнува дека тензиите во индо-пацифичкиот регион може да имаат поголеми последици од конфликтот во Украина, се нагласува дека Русија останува најакутна закана.

Ажурираниот британски Интегриран преглед (ИР), првпат објавен пред две години, не ја опишува Кина како закана, што веројатно ќе разочара многумина во владејачката Конзервативна партија, наведуваат британските медиуми.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир

Британскиот премиер Риши Сунак во предговорот за ИР напиша дека во 2021 година, темпото на геополитичките промени и степенот на нивното влијание врз Велика Британија не може целосно да се предвиди. Кога првпат беше објавен во 2021 година, Интегриран преглед ја опиша Кина како „системски конкурент“.

МИА

- Реклама -