Лондон каков што досега го немате видено

Тим од шест студенти од „De Monfor“ универзитетот во Лестер, ги искористиле историските написи, нацрти, мапи и останати документи, и со малку уметничка визија и со помош на технологијата креираа необично патување низ Лондон.

Времето е поместено стотици години наназад, па ова видео го оживува Лондон од 17-от век, поточно 1666 година, онаков каков што бил пред големиот пожар кој уништи дел од сегашната британска престолнина.

Нивната анимација ја освои главната награда на неодамнешното натпреварување за најдобра 3D анимација која не води во минатото, организирано од страна на Британската библиотека и конпанија „GameCity“ и „Crytek“.

[youtube]http://youtu.be/SPY-hr-8-M0[/youtube]

- Реклама -