Терористички напади не се смешна тема, ама некогаш и се. Еве Британецов на пример, чија слика деновиве постојано се врти на интернет.
Снимката на Sky News покажува како луѓе бегаат од терористичкиот напад во близина на Лондонскиот мост, а меѓу нив и еден есктра-внимателен младич што криглата пиво ја чува многу подобро од животот.
Сликата е вирална меѓу Лондончани не зашто им е смешна, туку затоа што имаат комплетно разбирање за типот.
„Лондон Бриџ е, ебаве тоа. Платил 5.50 фунти за таа кригла“, што ќе рече еден твит. Во друг, се разбира, се спомна и клишето: „Ако пивото се истури, терористите победуваат“.