Лондонски суши ресторан ги служи гостите со квадрикоптер

Лондонскиот ресторан YO!Sushi тестира нов начин на послужување на гостите. Покрај тоа што веќе имаат во употреба подвижна лента која ги доставува нарачките до масите внатре во ресторанот, сега се обидуваат да ги послужат и масите што се надвор од ресторанот со квадрикоптер.

Квадрикоптерот е контролиран од еден конобар со Ipod и може да постигне брзина од 25 милји на час. Но на видеото ќе видите дека не им оди баш најдобро. Освен ако не сакате да ги јадете шпагетите и пилешкото од тротоар.
[youtube]http://youtu.be/IhhRpmdHWhQ[/youtube]

- Реклама -