Глумицата Ева Лонгорија одлучи да ја прекине врската со помладиот брат на Пенелопе Круз, Едуардо Круз. Тие веќе имаа проблеми во март, но по кратката разделба брзо се смирија, а сега се чини дека нивната романса дојде до самиот крај.
Иако минатата недела Ева и Едуардо беа видени како страстно се прегрнуваат во Шпанија, двојката сфатила дека тие не се еден за друг, пишува E! online.
Како што пренесува списанието, тие повеќе не се заедно, но одлучиле да останат добри пријатели и да не се лутат еден на друг за минатото.
Лонгорија и Круз почнаа да се забавуваат во февруари, минатата година, само неколку месеци откако актерката се разведе од кошаркарот Тони Паркер.