Островите што денес ги знаете како Хаваи т.е. Хавајски Острови, некогаш беа Сендвички Острови. „Сендвичот“ во името им го стави Џејмс Кук, кога ги откри на 18-ти јануари во 1778 година, и ги нарече така во чест на грофот на Сендвич – во тоа време командант на Британското адмиралство, а денес познат како „кумот“ на сендвичите.
Џон Монтеки – четвртиот гроф на градот Сендвич во Кент, познат и како лорд Сендвич, бил страсен картаџија. Имал навика да бара јадењето да му се служи меѓу две парчиња леб, за да не мора да ја прекинува играта и за да не ги фаќа картите со мрсни раце. Со тек на време, неговите соиграчи почнале да порачуваат „исто како на Сендвич”, кое набрзо било скратено само на “сендвич”.
Во својство на Прв лорд на Адмиралството, лорд Сендвич е тој што ја овозможува експедицијата на капетанот Џејмс Кук, бидејќи токму со средства од Адмиралството ги купува и опремува бродовите од неговата втора и трета експедиција на Кук. Така, во негова чест, новооткриените острови Кук ги нарекува Сендвички Острови.
Името постепено излегува од употреба кон крајот на XIX век. Сепак, дел од Хаваите, имено Јужни Сендвички Острови, го носат името до ден денес.