Lexus го претставува на автосалонот во Лос Анџелес концептниот спортски кабриолет. Засега од компанијата не соопштуваат дали постои можност овој модел да се појави во сериско производство, но според некои податоци неговото излегување навестува сепак отворена верзија на Lexus RC.
За разлика од традиционалните кабриолети, концепт Lexus LF-C2, кој е дизајниран со формулата 2+2 места, нема никаков покрив – ниту мек, ни тврд. Претставници на компанијата тврдат дека на тој начин, возејќи се во кабриолетот можат да добијат најдобро чувство при патувањето.
Според експертите, сепак работите не стојат така. Тие се на мислење дека во Lexus не успеале да ја реализираат работата до крај, па веројатно ќе остане аманет таа да биде завршена за некоја од следните големи изложби, во Детроит во јануари или во Женева во март, следната година. Токму таму ќе видиме LF-C2 целосно завршен.
Од компанијата не откриваат никакви детали за обемот на багажникот, така и за агрегатот. Најверојатно LF-C2 ќе биде опремен со 5.0-литарски V8 од Lexus RC F, кој развива 450 КЅ. Друга можност е хибриден сисмен со вкупна со моќност од 230 КЅ, од седанот Lexus IS.