Во моментов, преку 50 илјади компјутери во светов (кога не се зафатени со пишување или играње карти) работат на многу важната задача – ловење на најголемиот примарен број. Зошто? Најчестиот одговор даван на ова прашање бил – затоа.
Во моментов, преку 50000 компјутери во светов (кога не се зафатени со
пишување или играње карти) работат на многу важната задача – ловење на
најголемиот примарен број. Зошто? Најчестиот одговор даван на ова
прашање бил – затоа.
Примарни броеви се 2, 3, 5, 7 и сите оние кои се делат само со себе и со 1. Најголемиот познат до сега има точно 12 978 189 цифри и под претпоставка дека можете да напишете 4 цифри во еден сантиметар, за да го напишете цел број ќе ви бидат потребни само 33 километри (кликнете тука за да го погледнете испишан). А сепак, луѓето сакаат да го пронајдат и следниот, поголем примарен број.
На прашањето зошто толку врева во потрагата по нешто што и онака нема никому да му користи, математичарот Крис Колдвел одговорил правејќи споредба помеѓу овие броеви и големите дијаманти. Тој рекол дека тие стојат затворени во големи заштитни кутии по музеите и служат само за восхит, а сепак, сите се возбудени кога ќе откопаат нов дијамант.
Во последно време, оваа потрага стана и интернет зараза и за таа цел е создадена и специјална програма за тестирање примарни броеви која бара неверојатна процесорска моќ (клик тука за преземање). Секојдневно околу 50 илјади компјутери ја користат оваа програма во потрагата по следниот „дијамант“.
[Mining For The ‘Prime’ Jewels Of Numbers]