Ловење пирати за рекреација

Повеќе... Можеби ова е вистинскиот начин да се реши проблемот со сомалиските пирати: Руска агенција им нуди на своите богати клиенти луксузни крстарења кои вклучуваат ловење пирати за рекреација.

pirate-jolly-rogers.jpgМожеби ова е вистинскиот начин да се реши проблемот со сомалискитепирати: Руска агенција им нуди на своите богати клиенти луксузникрстарења кои вклучуваат ловење пирати за рекреација.

Богатите авантуристи плаќаат по 3.500 долари на ден за да можат да патролираат во најопасните води во светот надевајќи се дека ќе бидат нападнати од пирати. Кога ќе се случи тоа, тие возвраќаат со гранати, митралези и проектили.

Патниците, кои можат да доплатат по дополнителни 5 долари на ден за AK-47 автоматска пушка и по 7 долари за екстра муниција, заштитени се од одред составен од поранешни членови на специјалните сили. Јахтите патуваат од Сомалија до Момбаса во Кенија, намерно во близина на брегот со брзина од само пет наутички милји со цел да го привлечат вниманието на пиратите. [Luxury yachts offer pirate hunting cruises]

- Реклама -