Лубеници во форма на коцка

lubeniciСо години конзумерите се трудеа да ги сместат големите кружни лубеници во фрижидерот. А потоа имаа проблем да го исечат овошјето бидејќи постојано се тркалаше. Но пред 20 години еден амбициозен фармер од југо-западен Шикоку, Јапонија го реши проблемот. Фармерот доби идеја да направи лубеница во форма на коцка која лесно би можела да се пакува и продава.


Со години конзумерите се трудеа да ги сместат големите кружни лубеници во фрижидерот. А потоа имаа проблем да го исечат овошјето бидејќи постојано се тркалаше. Но пред 20 години еден амбициозен фармер од југо-западен Шикоку, Јапонија го реши проблемот. Фармерот доби идеја да направи лубеница во форма на коцка која лесно би можела да се пакува и продава.

a185_watermelon2

За тоа да се случи, фармерите направија стаклени кутии во кои овошјето расте и ја добива соодветната форма. Овие кутии се направени со димензии да се вклопат во една полица во фрижидерот.

a185_watermelon3

Денес овие коцкасти лубеници се превезуваат низ цела Јапонија. Овие лубеници се продаваат во посебен оддел на поголемите супермаркети и се продаваат по цена од 10000 јени што приближно би било 82 долари. Обичните лубеници во Јапонија чинат од 15 до 25 долари.

- Реклама -