Љубов – Тонино Гуера

ljubov-tonino

Два дена пред смртта Федерико Фелини кажал: “Колку сакам да се заљубам повторно!”

Бев шокиран! На самиот крај сакал едно – уште еднаш да ја доживее љубовта, да се рее над земјата, да се потчини на оној на кој сака да се потчини, да ја чуе повторно музиката на оркестарот во душата.

Кога сакаш, ти не си само човек, ти си мирис. Ти не газиш по земјата, туку пловиш над неа. Да си вљубен е најважното нешто во животот. И не е важно дали си вљубен во жената, во работата, во светот или во животот.

Љубовта не е радост или тага, не е награда или искушение, туку патување во една прекрасна земја од бајките, на патот кон тајна која допрва ја откриваме.

Љубовта секогаш си заминува, сè има свој крај. Но една состојба секогаш се прелева во друго, а тоа друго може да биде силно чувство од паѓање во љубов.

Денес браковите се краткотрајни и поранешните љубовници се лишуваат од големо откритие – колку е прекрасно да одат заедно држејќи се за раце, се до смртта. На многумина им изгледа дека новите врски носат силни сензации, но тоа не е така.

Во италијанскиот јазик има таков збор, која е невозможно да се преведе – “волер бене”. Буквално тоа значи – да сакаш подобро. Има “Амар” – љубов, а има и “волер Бене” – тоа е кога кон човекот се однесуваш така како да немаш никој поблизок од него. “Амар” се должи на физичкото уживање, но најсилното чувство на земјата е кога “Амар” ќе премине во “Волер бене”. Нема ништо поважно од вистинското сакање кое доаѓа само низ годините. Загубата на таква долга врска е потрагична отколку загубата на љубовта или физичкото уживање. Загубата на “волер бене”  е вистинска, длабока осаменост и апсолутна празнина.

Бев доволно среќен да го доживеам тоа чувство. Ќе наполнам деведесет, а до мене е Лора – жена ми, која ја пронајдов во Русија пред повеќе од триесет години.

Огромното “волер бене” го имаше и мојот најдобар пријател Федерико Фелини. Фелини беше посакуван од сите жени на светот, но последниот неговиот гест е вистинска химна на љубовта кон Јулија. Практично парализиран тој бега од клиниката, кога дознава дека таа починала во болница во Рим. Совладува петстотини километри и легнува до неа, а кога умира Фелини, повеќе ја нема ни Јулија.

Тонино Гуера

Легендарниот италијански сценарист Тонино Гуера, почина во 2012 година, а во текот на својот живот соработуваше со култни филмски режисери како Федерико Фелини, Микеланџело Антониони, Андреј Тарковски, Тео Ангелопулос. Гуера бил неколку месеци болен, а починал во својот дом само неколку дена откако наполнил 92 години. Гуера беше косценарист на ремек-делото на Фелини “Амаркорд” од 1973, кој го освои “Оскарот” за странски филм. Интересно е што со Фелини има напишано неколку сценарија за филмовите на Антониони, меѓу кои се легендарните “Авантура” (1960) и “Зголемување” (1966). Овој плоден автор, кој има напишано над сто сценарија соработувал и со многу други филмски великани.

- Реклама -