Неверојатен меч каков што одамна не виделе фановите на Интер и Милан на големото градско дерби во Милано одиграа денеска градските ривали на „Сан Сиро“. Во две сосема различни полувремиња, на крајот Интер дојде до трите бода со победа од 4:2, иако по првиот дел нивните градски ривали имаа предност од 2:0.
„Црвено-црните“ решително тргнаа уште од првата минута, погодија една статива, па чекаа до прв гол цели 40 минути. Анте Ребиќ по асистенција на Ибрахимовиќ отвори за 1:0, за во судиското надолнување од првиот дел Ибра сам да погоди за зголемување на 2:0.
Кога се чинеше дека „нероаѕурите“ се на колена, по паузата момците на Конте се појавија на тревникот на „Сан Сиро“ решени да одат на се или ништо. Жестокиот почеток во вториот дел беше крунисан со два многу брзи погодоци. напрво во 51. минута Брозовиќ намали на 1:2, за само две минути подоцна Матиас Весино да стрела прецизно во голот на Донарума за израмнување – 2:2.
Интер продолжи да игра одличен фудбал, а по прекинот за корнер во 70. минута, Де Врај погоди со глава за целосен пресврт и водство на Интер од 3:2. Во финишот на мечот откако Милан не искористи една убава шанса за израмнување, во судиското продолжение Лукаку ја запечати победата со гол за 4:2.
Продолжете тука