Некогаш колку и да е вистината на твоја страна, луѓето нема да ти веруваат. Обично во животот ситуацијата е таква што ти преостанува само да се помириш со тоа. Затоа е посебно слатко кога можеш да им докажеш. Еве неколку такви примери.
• „4.5 години откако докторите ми рекоа дека веројатно ќе останам трајно парализиран од рамената надоле“
• „Жена ми ми се лутеше што сум ја купил кулава за нашата слепа мачка, дека нема да може да искачи. 36 часа подоцна, се случи ова“
• „Луѓето ме мислат ужасна во готвењето, па кога им понудив да помогнам околу трпезата за Денот на благодарноста, ми рекоа ‘Ти само исецкај за салата’. Океј“
• „Инструкторите и другите маринци ми рекоа дека нема шанси да ме примат на универзитетот Принстон. Изгледа згрешија“
• „Баба ми сметаше дека не знам да направам овошна салата“
• „Полицаецот ме тераше да правам алкотест за да докажам дека не сум пијан. Наместо тоа, земав да му жонглирам. Успешно“
• „Според девојка ми, сите маици ми се иста боја. Морав да ѝ докажам дека не е во право“
• „Пред да излезам за на работа, девојка ми ми рече дека сум облечен како стар човек. Не ѝ верував, додека не се случи ова“
• „По неколку непроспани месеци, конечно успеав да ѝ докажам на жена ми дека е понаспана од мене“
• „Мајсторот се качи во шкафот за да докаже дека е стабилно поставен“
• „Жена ми ми рече дека не можам да поставам ограда бидејќи не сум добар мајстор… Ете, ѝ докажав (дека е добра во обратна психологија)“
• „Другар ми ме убедуваше дека работи како обезбедување за Далај Лама. Не му верував додека не го постираше ова“
• Корејски ученици имаат направено чамец од кеси со чипс, за да докажат дека се полни со воздух.
• „Никој не ми верува, ама син ми навистина самостојно ја држеше главата крената само 5 минути откако се роди“
• „Претурав 30 минути по ѓубрето за да ѝ докажам на девојка ми дека ќошево од амбалажата не е од кондом“
• „Ѝ реков на жена ми дека подот е грозен и му треба чистење. Ѝ реков дека јас ќе го исчистам. Ми рече дека нема потреба. Ми рече да исчистам пола, па ќе споредиме. Ете исчистив. Хинт: Немаме црно-бели плочки“
• „Другарка ми оди до крајни граници за да ми докаже дека стварно има пол на Антарктикот“ („pole“ на англиски значи „пол“, ама и „столпче“)
• „Ѝ реков на девојка ми дека е невозможно да поставиш паричка на страна. Таа излезе во право“
• „Му се јавив на шефот да му кажам дека маалото ми е под полициски карантин. Не ми веруваше, па му пратив фотка“
• „Жена ми ми бараше iPad, наводно ѝ требал за работа. Отпечатоците велат нешто друго“
• „Дедо ми ме убедуваше дека има 8 женски другарки во старечкиот дом. Не му верував, додека не му ја видов сликава на фрижидер“
• 1933 година. Лондон изведе демонстрација за да им докаже на граѓаните дека двокатните автобуси се стабилни.
• „Девојка ми негира дека го зафаќа целиот кревет. Морав да фотографирам за да ѝ докажам. Мажи, борете се за вашите права!“
• „Никој не ми верува кога им ја кажувам адресата“
• „Другарите ми рекоа дека не можам да решам Рубикова коцка зашто сум далтонист. Им докажав дека не се во право“