Луѓето можат да направат нов магнетен штит на Марс

Моментално, Марс не е погоден за живот на луѓето, но според НАСА, тоа може и да се промени.

Научниците од агенцијата истакнаа дека постои можност за подигнување на магнетен штит околу Црвената планета, со што би се заменил природниот магнетен штит кој исчезнал пред повеќе од 4 милијарди години.

Со еден таков вештачки магнетен штит, поставен на L1 Лангранж Поинт (локација на Марс), површината на планетата би се заштитила од зрачењата и соларните ветрови, кои се најзаслужни за опустошувањето на Црвената планета до оваа денешна „пустинска“ состојба. Со тоа, Марс би почнал да личи на Земјата; неговата атмосфера би се згуснала, а дел од северниот пол би можел да се стопи и да покрене загревање со ефект на стаклена градина, што би можело да доведе до враќање на една седмина од океанот на Марс.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

 

 

- Реклама -