Децении по изведувањето на озлогласениот експеримент, научниците откриваат дека учесниците на “Милграм” тестот и понатаму радо би предизвикувале болка кај други луѓе доколку тоа им го нареди некој кој има авторитет на нив.
Децении по изведувањето на озлогласениот експеримент, научниците откриваат дека учесниците на “Милграм” тестот и понатаму радо би предизвикувале болка кај други луѓе доколку тоа им го нареди некој кој има авторитет на нив.
Всушност, тестот го поновиле американски истражувачи. Во текот на тестирањето волонтерите по наредба треба да им зададат електрични шокови на друг волонтер – во случајов избран глумец. Дури и по лажниот болен врисок, околу 70% од учесниците биле спремни да ја зголемат волтажата. Научниците се надеваат дека овој тест би помогнал да се објасни како наизглед обичен човек може да направи злочин.
Трудот на професорот Стенли Милграм, каде тој регрутирал волонтери за изведување на медицински експерименти, иако никој од нив не бил свесен дека самиот ќе биде тестиран, е објавен во 1963 година. Експериментот вклучувал: “Научникот” им наредува да предизвика електричен шок секој пат кога глумецот погрешно ќе одговори на прашањето. Кога тој наводно ќе примел удар од 150 волти, и ќе се чуел силен врисок, осум од десет волонтери биле спремни повторно истото да го направат, и при три пати поголема волтажа. Некои волонтери давале и 450 волтни шокови и во случај кога глумецот веќе не давал никакви знаци на живот, односно кога се правел мртов или во несвест.
Докторот Џери Бургер употребил сличен формат, со тоа што не им дозволувал на волонтерите да користат волтажа поголема од 150. И повторно дошол до ист заклучок, кај поголем број од учесниците, кои вклучувале 29 мажи и 41 жена, изразена била желбата да го притиснат копчето знаејќи дека тоа може да нанесе болка кај друго човечко суштество.
“Она што го дознавме е потврда на истиот аргумент – доколку поставите луѓе во одредена ситуација тие ќе се однесуваат изненадувачки и често на вознемирувачки начин”, рекол Бургер. Тој додал дека волонтерите биле “нормални и обични” луѓе, но кога се изложени на притисок, често прават вознемирувачки работи.
Иако е тешко оваа лабораториска работа да се пренесе во реалниот свет, сепак, на некој начин може да се објасне зошто во некои времени конфликти луѓе биле учесници во геноциди. [[Milgram_experiment]]