Лукашенко: Белорусија и Русија распоредуваат заеднички трупи на западната граница

Минск, 10 октомври 2022 (МИА) – Белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека Белорусија и Русија ќе распоредат заеднички воени единици на западните граници на земјата како одговор на, како што рече, „ескалацијата на тензиите“, објави државната новинска агенција „Белта“.

Според Агенцијата, Лукашенко рекол дека двете земји ќе распоредат регионална воена група чие оформување почнало пред два дена, очигледно по експлозијата на мостот на Крим.

Руските медиуми пренесуваат изјава на Лукашенко, кој рекол:

„Сето тоа е според нашите документи. Ако заканите го достигнат сегашното ниво, почнуваме да ја користиме државната унија.”

Прочитајте и:  Кремљ: Смешно и апсурдно е да се обвинува Русија за оштетување на каблите во Балтичко Море
- Реклама -