Луксузни апартмани за 3 милиони долари на 50 метри под земјата

Некои луѓе не престануваат да стравуваат од апокалипса.

The Survival Condo Project е луксузен станбен проект, кој се наоѓа во близина на Конкордија, Канзас. Изграден е на повеќе од 50 метри под земјата, а компанијата која стои зад него, тврди дека е „подготвена за сé”, вклучувајќи и за нуклеарна бомба “, пишува Business Insider.

Станот зафаќа површина од околу 185 квадратни метри и чини меѓу 1,5 и 3 млн. долари. Тајлер Ален, 45-годишен сопственик на спортски бар и ноќен клуб кој купува еден од становите, изјави за Wall Street Journal дека го сторил тоа поради растечките стравувања од „светски здравствени епидемии, природни катастрофи и терористички напади.” Ален не е единствениот. Првиот таков станбен комплекс за опстанок веќе е распродаден, а градежниот претприемач Лери Хол во моментов работи во втор. Куќите на Хол се изградени во поранешните нуклеарни силоси, кои што можат да издржат и нуклеарна бомба. Од компанијата на Хол споделуваат  пред WSJ дека жителите можат да уживаат во полн луксуз, бидејќи бункерот располага со спа ценатр, парк за кучиња, фитнес и медицински центар.

Еве како изгледа сето тоа:

Влезот на комплексот има две врати, со тоа што секоја од нив тежи над 7 тони.

Вака изгледа целата структура. Зградата достигнува до над 50 метри длабочина под земја.

Апартманите се распределени на половина или на целиот кат. Оние кои го заземаат целиот кат, се со површина од 170 квадратни метри и капацитет до 10 лица. Апартманите на половина кат се со површина од 85 квадратни метри и максимален капацитет од 5 луѓе.

Сите апартмани се целосно опремени со кујна, машина за миење садови, фен, 50-инчни телевизори и прехрамбени залихи за пет години на човек. Се разбира, комплексот е опремен со 24-часовен видео надзор.

Ако се наоѓаш на 50 метри под земјата, кога ќе дојде апокалипсата, најверојатно ќе сакаш да правиш ништо. Во комплексот има заеднички базен.

Качување на ѕид.

Фитнес

 

Кино

Во становите има видеоекрани кои вршат функција на прозорци.

 

Кујните се целосно опремени.

 

Во спалните исто така има монитори наместо прозорци.

 

Главните спални во становите пак располагаат со огромни плакари.

- Реклама -