Лут ајвар, многу coлзи и премалку млеко: Игор Јанушев во „Ќе го јадеш“ (ВИДЕО)

Некои веројатно со душа чекаа, а некои појма немаа дека ќе уживаат тоа да го видат. Некои од политички причини, а другите од сеирџиски мотиви и смисол за забава. Како и да е, желбата и на првите и на вторите им се исполни – се pacплака генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ – Игор Јанушев, но само затоа што е првиот (и се надеваме не последен) политичар што прифати да биде гостин во новото македонско YouTube шоу по примерот на популарното „Hot Ones“ – „Ќе го јадеш“, со Димитар Атанасовски.

Ако не сте запознаени со концептот на шоуто – едноставен е. Гостинот доаѓа во емисија и одговара на разни прашања додека пробува 10 вкусови ајвар, кои варираат по интензитет, од „најблаг“ – до најлут. Притоа, во битката против лyтото, гостинот на располагање има само чаша вода, пиво, млеко и пpoтивпожаpeн апарат. А да, и многу паломи. Погледнете како помина Јанушев:

- Реклама -