Лутиот пејач ја претепа поранешната и ѝ го демолираше станот

Раперот 50 Cent е обвинет за семејно насилство , по што бил приведен од полицијата во Лос Анџелес.

Имено, 50 Cent не ја нападнал поранешната девојка Шаник Томпкинс со која го има 16-годишниот син, туку девојката која тврди дека родила негово дете.

Според судот во Лос Анџелес, 50 Cent физички ја нападнал и ја претепал Дафне Џој, по што започнал да крши предмети во станот во кој живее причинувајќи штета од 7.100 долари.

daphne-_joy_50_cent

Девојката се заклучила во спалната соба и повикала полиција, а 50 Cent наводно бил толку многу лут што ја искршил вратата и ја претепал.

Доколку судот го прогласи за виновен, тој би можел да добие до 5 години затвор и казна од 46.000 долари.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Дафне инаку е манекенка со која 50 Cent одел 3 години. Кратко после инцидентот, пред да го приведе полицијата, раперот на Твитер ја објавил песната „Billy Jean“, а американските медиуми погодуваат дека целиот настан го инспирирал токму на неа.

- Реклама -