Маче се заглавило на дрво, мајка му го научи корисна лекција (ВИДЕО)

Маче како маче, се качило на дрво и сега се плаши да се симне. Тоа е сосема типично за мачките, а причините ќе ги објасниме по видеото. Како и да е, во случајов ова имало среќа, бидејќи тука е мајка му да го спаси. Првичниот план нема да ѝ успее, но затоа мачето ќе научи корисна лекција. Погледнете:

Зошто мачките се заглавуваат на дрво?

Што е проблемов со мачките? Ако можат да се качат до 5-ти спрат, зошто не можат да се симнат?

Простиот одговор е, можат. Ама проблемот е што многу од мачките не знаат како. Кога би се симнале назадечки – со задните нозе надоле, сé би било во ред. Ќе биде бавно, ќе им биде чудно и страшно, ама можат. Само што, природната тенденција на многу мачки е да се симнуваат главечки. Секаде одат со главата напред, па така им доаѓа и да се симнуваат од дрво.

Вистинскиот проблем е во шепите на мачките. Ноктите им се закривени кон назад, па им служат како куки кога се качуваат по дрво. Едноставно се закачуваат со „канџите“ во пукнатините на кората и се подигнуваат. Но кога се обидуваат да се симнат главечки, ноктите сега им се закривени нагоре, што ги прави речиси бескорисни за да можат да се симнат безбедно по дрвото. Кога мачката ќе се обиде да се симне на тој начин, лесно насетува дека ќе падне, па се повлекува. Или мачката не знае да се симне назадечки, или премногу е исплашена да се обиде. Во таква ситуација не знае што да прави, па едноставно останува каде што е. Може евентуално да отиде до крајот на гранката или да се качи погоре, или да се симне некоја гранка подоле ако гранките се блиску. Ама кога не се, не се обидува да се симне по стеблото, бидејќи знае дека ќе падне.

Е сега, сигурно сте виделе верверичка додека се симнува по дрво со главата надоле, и сега се прашувате зошто тие можат, а мачките не. Фората со верверичките е што имаат специјална предност што мачките ја немаат. Нивните задни нозе имаат зглоб што може да ги ротира канџите до степен кукастите нокти да им бидат свртени надоле, без оглед на тоа како им е насочено телото. Кај мачките тоа го нема, па мораат да се симнуваат исклучиво наназад.

Еве една паметна мачка што знае како треба:

- Реклама -