Џенет Симинели од Лонг Ајленд, САД, го држи во раце мачорот Гарфилд. Тој тежи 18 килограми, со кои ја понесе титулата – најдебела мачка на светот.
Гарфилд бил донесен во прифатилиште во Лонг Ајленд, откако неговиот сопственик починал. Моментално, овој мачор се наоѓа на диета со сува храна и вработените во прифатилиштето се надеваат дека ќе успее да ослабе 8-9 килограми, по што ќе можат да му најдат нов сопственик.