Францускиот дизајнер Карл Лагерфелд, познат по опсесијата со својата мачка Шупет, деновиве реши да го израдува своето милениче со ајпед.
Лагерфелд пред само неколку месеци ја купи белата сијамска мачка. Шупет е стара околу девет месеци, а веќе е и повеќе од разгалена. За нејзиното здравје и исхрана се грижат две слугинки.
Тој постојано твита за неа. Дизајнерот вели дека таа јаде со него на неговата маса, а бидејќи мачката има своја храна, не ја допира неговата. Се пофалил и дека Шупет спие под неговата перница, а сега знае да користи и ајпад.
Слугинките на мачката се задолжени и да пишуваат дневник за сите нејзини активности. Лагерфелд веки дека дневникот веќе има речиси 600 страници и дека еден ден може да прерасне во мала книга.