Магичен појадок за слабеење: Ослабете 5 килограми за еден месец

За добриот метаболизам и губењето на масните наслаги најважно е да имате добар појадок. Рецептот кој ви го прикажуваме на многу жени им помогна да се ослободат од вишокот килограми. Пробајте го и вие:

Состојки:

– 300 ml кефир (или јогурт со ниска масност)
– 2 супени лажици овесни снегулки
– 1 лажичка мелено ленено семе
– 1 лажичка какао
– 5-7 месести суви сливи

Подготовка:

Појадокот е приготвува од вечерта за следното утро. Сувите сливи прелијте ги со врела вода (100 ml), покријте ги и оставете да отстојат десетина минути. Во меѓувреме во чинија ставете ги овесните снегулки, меленото ленено семе и какото во прав. Истурете го врз нив кефирот и се добро измешајте. Набабрените сливи ситно исечкајте ги (доколку имате блендер би било одлично, можете да ги доведете и до состојба на „пире“), и додадете ги во претходно добиената смеса. Измешајте се добро и оставете да отстои во фрижидер.

Прочитајте и:  Појадокот е доста важен за намалување на крвниот притисок

Ваквиот појадок конзумирајте го секој ден во текот на еден месец. Ќе бидете пријатно изненадени од резултатот.

- Реклама -