На околу 26 километри југозападно од Аламогордо, во државата Њу Мексико, САД, се наоѓа националниот парк „Бели песоци“ – огромна површина речиси целосно исполнета со снежно-бел песок. За разлика од другите постини, овде песокот не е составен од кварц, туку од гипс кристали.
Гипсот е меѓу најчестите минерални соединенија на планетата. Ретко, се наоѓа и во форма на песок. Причината? Прилично лесно се раствора во вода.
Гипсот често се сретнува во топлите извори, во езерската и во морската вода, а може да се појави и откако водата ќе испари. Токму така се формирани, пред околу 100 милиони години, овдешните „песочни“ дини од гипс, познати уште како базенот „Тулароса“.
Белите песоци опфаќаат површина од над 700 квадратни километри, а на места дините достигнуваат и до 15 метри височина. Теренот се менува постојано, бидејќи дините се преместуваат под дејство на постојаните југозападни ветрови.
За разлика од другите пустински песоци, гипс кристалите не ја апсорбираат топлината од сончевите зраци, па се ладни на допир. Лесно можете да одите по песокот со боси нозе, дури и во најжешките летни месеци.
Со оглед на тоа дека се работи за национален парк, местото е заштитено и не се дозволени возила – единствениот начин за туристите да стигнат до паркот е со специјален камион.