Магичните улички на Хања, прекрасниот пристанишен град на Крит, Грција

Стариот град Хања, кој се наоѓа на островот Крит во Грција, е прекрасно место кое плени со прекрасната архитектура и одлично сочуван стар дел на градот. Всушност, островот бил населен уште во 2700 г. п.н.е., иако денес во него може да се почувствува модерната, западна култура.

За време на Втората светска војна, градот Хања бил бомбардиран и значително уништен, но кратко време потоа бил во целост реставриран. Многу историски зданија денес се претворени во хотели, ресторани и ексклузивни продавници. Градот е магнет за туристи дури и во зимските денови. Прекрасните улички и автентичната архитектура, го прават Хања град кој морате да го посетите.

Chania2-740x529 Chania3-740x555 Chania4-740x491 Chania5 Chania6-740x491 Chania-740x504 Chania-Photo-by-Chaniaweb2-980x654 Chania-Photo-by-Chaniaweb3-740x494 Chania-Photo-by-Chaniaweb4-740x494 Chania-Photo-by-Chaniaweb5-740x494 Chania-Photo-by-Chaniaweb7-740x494 Chania-Photo-by-Chaniaweb-740x494

- Реклама -