Професионалката веќе втора година по ред на истото натпреварување, наставничка по математика ја доби титулата прва придружничка.
Маја е разведена мајка со седум-годишна ќерка.
Маја Говиќ-Гуравиќ (33) на натпреварот за Г-ѓа Мултиверз во Доминиканската Република ја освои лентата за прва придружничка на најубава госпоѓа на светот.
За прва госпоѓа на светот е проглаена жена од Казахстан, додека втората придружничка освои Романка. Маја која е од Шибеник, Хрватска и е мајка на седум годишно девојче. По професија е наставничка по математика, а кога не предава во школо, држи часови по аеробик во фитнес центар.
Г-ѓа Мултиверс на неа ѝ е веќе трето натпреварување за најубава госпоѓа на светот. За Г-ѓа Свет се натпреварувала во 2007 година во Калифорнија каде освоила трето место, додека минатата година на Г-ѓа Мултиверс исто така била прва придружничка. Освен во убавина, се натпреварувала и во фитнес тело, била ко-домаќин на тв шоу за готвење и е заштитно лице на една компанија.