Екипата на Мајами ја поведе трката во финалната серија на Истокот во НБА лигата, откако во првиот натпревар ги совладаа Бостон Селтикс со 93:79.
Уште од самиот старт на натпреварот Мајами ја презеде контролата на играта и резултатот, иако дефинитивната разлика доволна за триумф на средбата ја направија во третата четвртина која ја добија со 11 поени разлика, откако на полувреме резултатот беше израмнет 46:46.
Најефикасен во победничкиот тим беше Леброн Џејмс со 32 поени и 13 скока, додека Двејн Вејд забележа 22 поени. Во тимот на Бостон, Кевин Гарнет имаше 23 поени, но и 10 скока, а Рондо имаше 16 поени, 9 скока и седум асистенции.
Објавено во соработка со Екипа.