Мајк Тајсон призна дека е на работ на смртта

Поранешниот боксер Мајк Тајсон призна дека со години ја лажел јавноста дека нема проблеми со алкохолот и дрогата и навел дека најмногу од се сака да ја смени оваа лоша навика.

Тајсон откри дека се наоѓа на границата меѓу животот и смртта поради прекумерна употреба на наркотици и алкохол. Поранешниот шампион во супер тешка категорија на конференција за медиуми во американскиот град Верона призна дека со години лажел дека нема пороци.

mike-tyson-michael-comte-1990

„Јас сум понекогаш лоша личност. Правев многу лоши работи и сакам се да ми се прости. Сакам да го сменам својот живот и да живеам поинаку од сега. Сакам да водам здрав живот. Не сакам да умрам. Јас сум на работ на смртта затоа што сум голем алкохоличар“. рекол Мајк.

Прочитајте и:  Џејк Пол демантира дека борбата со Тајсон била наместена

Додал дека шест дена не конзумирал дрога и алкохол што за него е, како што рекол „вистинско чудо“.

Mike Tyson-Stills

„Ги лажев сите. Ова е мој шести ден како не сум земал дрога и алкохол“, призна шампионот кој три пати до сега беше на рехабилитација.

Тајсон открил дека пред пет години планирал да се самоубие со предозирање, непосредно по смртта на неговата ќерка Егзодус. Тој открил дека оваа трагедија му била како „повик за будење“.

mike-tyson

„Мислев дека уште кратко ќе бидам на Земјата. Планирав да се убијам. Се предозирав секоја ноќ. Не можев да верувам дека се будев следното утро. Морам да го сменам животот. Ова беше пеколно искуство, но среќен сум што сум жив“, рекол тој.

- Реклама -