Али Жардин е 42-годишна мајка која ги фотографира своите две деца во предели кои наликуваат на бајки, од спирално ноќно небо до надреални зајдисонца.
Креативната мајка има привлечено бројни посветени следбеници онлајн, откога го добила својот прв iPhone телефон во ноември 2010 година.
Поради нејзиниот успех, Жардин, од Петалума во Калифорнија, има можност да заработи од својата работа.
Нејзините деца Габриел, 15, и Пипин, 12, се најчесто доброволните модели со кои што соработува, а пред да започне со својата креативна работа, талентираната мајка се инспирира од музиката што ја слуша, или книгата што ја чита.
Таа вели: „Од денот кога се родија моите деца, јас сум точно свесна за тоа колку брзо се врти светот“.