Кајли Џенер го привлече вниманието кога на одмор во Мексико се појави во едноделен розов костим за капење, а се испостави дека ист таков костим носела и нејзината мајка, и тоа, многу пред младата реалити ѕвезда да биде родена.
Крис Џенер (59) носеше идентичен костим за капење на Акапулко пред 26 години, а ѕвездата со својот тогашен изглед се пофали на својот профил на Инстаграм. Истовремено таа ја обвини својата ќерка која што и го украла стајлингот.
„ Ова е мојот стар костим за капење. Кајли, казнета си. Чекај, не смеам повеќе тоа да го правам, имаш 18 години“, напиша славната мајка и ги праша своите фанови на која и стојат подобро.
Што мислите вие?