Microsoft го „прошири“ својот Windows Defender антивирус и на пребарувачот на Google – Chrome. Софтверскиот гигант на корисниците им нуди екстензија која вклучува, меѓу другото, и долга листа на злонамерни URL адреси, кои со нејзината употреба ќе бидат блокирани во Chrome. Дизајнирана е да спречи malware од интернет страните, а во крајна цел и да спречи кражба на приватни податоци.
Chrome веќе има своја заштита од злонамерни URL адреси, така што додатоков на прв поглед звучи далеку од неопходно. Меѓутоа, од Мајкрософт тврдат дека Windows Defender е ефикасен во дури 99% од случаите, што би требало да е доволна причина да го активирате. Особено ако сте посебно загрижени околу злонамерните линкови, оваа нова екстензија ќе овозможи дополнителна заштита.
Ќе ја најдете на Chrome Web Store, а за активирање притиснете на копчето „Add to Chrome“.