Androé Carrilh е дизајнер, илустратор и аниматор, роден во 1974 година во Лисабон, во Португалија.
Добитник е на неколку национални и интернационални награди, а своите творби ги изложувал во рамки на групни и самостојни изложби во Бразил, Кина, Чешка, Франција, Португалија, Шпанија и САД.
Совладувањето на човековите контури и црти не гарантира секогаш и добра карикатура. Неопходно е уметникот да има чувство за она што е потребно да се нагласи, но и за она што не е. Андре го разбира начинот на моделирање на човечката глава и тело како да се направени од глина. Прилично е критички настроен кон оној дел од уметноста што се однесува на карикатурата.
„Некои карикатуристи не се добри илустратори, а добрите илустратори често се многу лоши карикатуристи. Карикатурата е единствена во смисла дека мора да изгледа како личноста што ја цртате, и во однос на тоа нема дебата. Таа е специфична визуелна игра и сите мораат да ја разберат“, вели тој.