Македонец и уште двајца странци киднапирани и убиени во Авганистан

Македонски државјанин бил киднапиран и убиен во Кабул, соопштила авганистанската полиција за тамошната јавност.

Тој и уште двајца странци биле убиени во Кабул. Работеле во меѓународна компанија за производство на храна и кетеринг.

– Индиски, малезиски и македонски државјанин беа киднапирани и убиени, а ги пронајдовме нивните тела – изјави портпаролот на началникот на на полицијата во Кабул, Хашмат Станекаи.

Телата биде лесно идентификувани благодарение на личните документи кои биле пронајдени во нивната облека.

Според првичните информации, се работи за милитантска група која киднапира цивили и ги повредува или убива.

- Реклама -