Македонија доби покана од НАТО, но прво мора да исполни неколку услови

Продолжување на внатрешните реформи, но и целосна ратификација и усвојување на Договорот со Грција се условите за Македонија да може да биде 30-та членка на Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Македонија би станала полноправна членка откако ќе стапи на сила Договорот од Преспа, односно кога ќе го промени името од Поранешна Југословенска Република Македонија во Република Северна Македонија.

Според премиерот Зоран Заев, ова е историски момент за Македонија, со оглед на тоа што пристапните преговори со НАТО беа блокирани во 2008 година. Тој изрази уверување дека референдумот за името ќе биде успешен. Столтенберг, пак, потенцира дека ова е шанса што доаѓа еднаш и што доколку се испушти, ќе помине долго време пред да се создадат услови за нова.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина
- Реклама -